ФК „Победа“ се повлекува од втора лига, поради блокирана сметка

Фудбалскиот клуб „Победа“ од Прилеп соопшти дека сениорската екипа нема да може да го продолжи натпреварувањето во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), поради тешката финансиска состојба и блокираната сметка на клубот.



Според соопштението на клубот, проблемите започнале во април 2025 година, кога дошло до промена на мнозинскиот акционер. Новиот сопственик не назначил раководство и извршен директор, со што клубот практично останал без управување.

Во август било побарано заедничко решение со Градоначалникот и Општина Прилеп за да може клубот да ја почне сезоната 2025/2026. Советот на Општина Прилеп изгласал еднократна финансиска помош од 1 милион денари, но поради локалните избори таа не била исплатена и до денес не е реализирана.

Од „Победа“ велат дека токму таа помош била услов за настап во ВМФЛ, а поради нејзиното неизвршување и блокираната сметка, клубот се нашол во крајно тешка финансиска состојба.

„Сениорската екипа на ФК Победа Прилеп не е во можност да го продолжи натпреварувањето во Втората македонска фудбалска лига“, стои во официјалното соопштение објавено на 10 февруари 2026 година.

Слични Објави