Започна исплатата – 40 милиони евра СУБВЕНЦИИ ЗА ТУТУН!

Денес започнува исплатата на субвенциите за тутун за последната реколта, информираше Премиерот Мицкоски заедно со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Премиерот Мицкоски потврди дека државата ќе исплати вкупно 2.404.561.224 денари, односно речиси 40 милиони евра, на 14.502 тутунопроизводители низ целата земја.

„Тутунарите, заслужено, со својот труд од државата ќе добијат поддршка за минатогодишната реколта. Оваа исплата е доказ за нашата посветеност да ги поддржиме земјоделците навремено и ефикасно“, изјави Трипуновски.

Станува збор за директна финансиска поддршка за македонските земјоделци кои вложуваат огромен труд во производство на тутун – една од најважните земјоделски гранки во државата.

Исплатата доаѓа како резултат на сериозниот пристап кон решавање на проблемите во аграрниот сектор.

Слични Објави