Со најубавите македонски песни заедно со ЉУБОЈНА, Крушево ќе празнува
По повод Денот на ослободувањето на Крушево и Денот на независноста на Македонија, со одржување на свечена седница на Советот на општината Крушево и со богата забавна, културно – уметничка програма за сите генерации Крушево ќе ги одбележи овие настани.
Почнуваќи од 06.09.2024 година (петок) со почеток во 12 часот со одржување на свечената седница на Советот на општина Крушево на која ќе се доделат признанија и награди за поединци и правни субјекти за придонес во развојот на Крушево од повеќе области. Седницата ќе биди проследена со забавно културни содржини подготвени од учениците на ОУ Никола Карев и СОУ Наум Наумоски-Борче.
- Сабота е резервирана за 4-то издание на Трка за независност, организирана од Атлетски клуб Делта и Атлетска федерација на Македонија, со почеток од 18:00 часот.
- Од 20:00 часот во Градскиот парк во Крушево – DJ Bapchu и дегустацијана локални специјалитети и пијалоци.
- Недела е ден за најубавите македонски песни заедно со ЉУБОЈНА! Ве очекуваме на незаборавната забава во Градски парк во 21:00 часот.