|

Симулациска вежба за брза евакуација во Крушево

Денеска во просториите на средното општинско училиште „Наум Наумовски Борче“ во Крушево беше спроведена симулациска вежба за брза евакуација и однесување во кризни ситуации, со фокус на справување со пожар.

Настанот беше организиран од страна на полициските службеници од ОВР Крушево при СВР Битола, во соработка со Општинската организација на Црвениот Крст Крушево, Територијалната противпожарна единица Крушево, Итната медицинска помош Крушево, како и ученици и наставен кадар од училиштето.

Под мотото „Начин на однесување во кризни ситуации“, вежбата имаше за цел да ги едуцира учениците за правилните чекори кои треба да се преземат при појава на пожар: организирана евакуација, совладување на паника и примена на безбедносни протоколи за излез од објектот. Учениците имаа можност практично да учествуваат во симулацијата, при што научија како да реагираат смирено, брзо и безбедно.

Вежбата беше спроведена со цел учениците да се запознаат со начините и протоколите на однесување во кризни ситуации, односно начините на евакуација од пожар, совладување на паниката и безбедно и организирано евакуирање во претпоставена ситуација.

Слични Објави