|

Позитивен пресврт за Тутунски комбинат Прилеп

По минатогодишната загуба од над 1,9 милиони евра, годинава Тутунски комбинат Прилеп бележи добивка од 17,8 илјади евра. Иако износот на профитот е скромен, значењето на овој резултат е големо — фабриката бележи силен раст на продажбата, особено на домашниот пазар, каде приходите се зголемени за дури 296%.



Оперативните приходи, кои лани изнесувале 8,9 милиони евра, до крајот на септември годинава достигнале 18,1 милион евра, што е раст од 103,7%. Од нив, 8,26 милиони евра се остварени на домашниот пазар (споредбено со околу 2 милиони евра лани), а 9,87 милиони евра се приходи од извоз – зголемување од 103,8%.

Оперативните расходи се зголемени за 67,3% и заклучно со септември изнесуваат 18,4 милиони евра, што претставува раст од 7,4 милиони евра во апсолутен износ.

Финансиските приходи пораснале за 21,7% и достигнале 671,6 илјади евра, додека финансиските расходи изнесуваат 438,6 илјади евра, со раст од 21%.

Од компанијата велат дека ги исполнуваат планираните деловни параметри и очекуваат позитивниот тренд да продолжи и до крајот на годината.

Слични Објави