Нови возила и контејнери за поефикасно и еколошко управување со отпад
Денеска во Битола се одржа промотивен настан на кој беше презентиран дел од новата опрема за управување со отпад – специјализирани возила, контејнери и канти, наменети за потребите на современиот регионален систем за управување со отпад во Пелагонискиот и Југозападниот регион.
На настанот присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот Мухамед Хоџа, заменик-министерката за животна средина Ане Лашкоска, како и градоначалниците од општините од двата региони. Присутните ја истакнаа важноста од воспоставување координиран, модерен и ефикасен систем за управување со отпад, усогласен со европските стандарди, кој ќе донесе видливи подобрувања во собирањето и транспортот на отпадот.
Новата опрема е обезбедена за вкупно 18 општини од Пелагонискиот и Југозападниот регион, во рамки на Регионалниот проект за управување со цврст отпад, кој се реализира со поддршка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека неодамна, заедно со градоначалниците од двата региони, е формиран Меѓуопштински одбор за управување со отпад – клучен чекор и услов за продолжување на проектот за изградба на модерна регионална депонија по европски стандарди.
„Новиот регионален модел ќе овозможи поефикасно користење на ресурсите, поквалитетни комунални услуги, намалување на загадувањето и значително подобрување на јавната хигиена, што директно ќе влијае врз здравјето и квалитетот на живот на граѓаните“, нагласи Проданоски.
Во рамки на воспоставувањето на регионалниот систем, најавена е изработка на нов Регионален план за управување со отпад за периодот 2026–2032, финализирање на процесот за формирање регионално комунално претпријатие, административно усогласување и координација меѓу институциите, јакнење на капацитетите на општинските јавни комунални претпријатија, како и развој на регионалната и локалната инфраструктура. Посебен акцент ќе биде ставен и на транспарентна комуникација со јавноста и активно вклучување на граѓаните.
Општина Прилеп, како што беше истакнато, останува цврсто посветена на заштитата на животната средина и на градењето одржливи и современи решенија, во инте



