| |

ГОЛЕМ ПРОТЕСТ НА „СПАС ЗА ПРИЛЕП“

Понеделник 12 Август граѓанската иницијатива „Спас за Прилеп“ во 7 часот ќе го бликира магистралниот пат кај с.Ореовец. Блокадата ќе трае еден час и потоа со колона возила ќе се упатат кон зградата на Општина Прилеп.

Во прогласот кој е објавен на фејсбук страната СПАС ЗА ПРИЛЕП, организаторите повикуваат:

ВТОРА ШАНСА ЗА ТИЕ ШТО НЕ ДОЈДОА МИНАТИОТ ПАТ.

Иницијативата Спас за Прилеп ги поканува сите ПОЛИТИЧКИ ЧИНИТЕЛИ (членови на сите политички партии, народни пратеници, општински советници и симпатизери) во Република Македонија на барикадите на регионалниот пат кој е организиран во Понеделник 12.08.24. со почеток во 07.00 часот.

Ве очекуваме заедно да го искажиме својот став дека сме ПРОТИВ тоа да ДИШИМЕ ЗАГАДЕН ВОЗДУХ и ПРОТИВ МИНИРАЊЕ КАЈ ИЗВОРИТЕ ЗА ВОДА!

Ве очекуваме СИТЕ!

Слични Објави