| |

Крушево домаќин на Светско и Европско првенство во параглајдерство

Крушево ја зацврстува својата позиција како една од водечките светски дестинации за параглајдерство, откако официјално беше потврдено дека во 2025 и 2026 година ќе биде домаќин на голем број меѓународни и национални натпреварувања во овој екстремен спорт.

Градоначалникот на Крушево Томе Христоски, денеска официјално објави дека градот ќе биде домаќин на неколку престижни меѓународни и национални натпреварувања во параглајдерство, со што уште еднаш се потврдува неговата водечка улога во овој екстремен спорт.

Во Крушево оваа 2025 и 2026 година ќе се одржат Светско и Европско првенство за параглајдерство, покрај нив ќе се одржат британското и германското.

„Официјална потврда добивме дека Крушево е прогласена за светска дестинација за овие спортови! Две меѓународни збиднувања и уште десетина други национални збиднувања со посета на најдобрите светски пилоти од целиот свет токму во нашето Крушево се потврда дека работевме напорно и посветено изминативе години со конкретни одржливи проекти кои значат раст и развој на туризмот, да станеме препознатлива и посакувана дестинација.

Продолжуваме да градиме одржлива, напредна и развојна, препознатлива и посакувана дестинација 365 дена во годината!!!“ изјави Томе Христоски, градоначалник на Крушево.

Слични Објави