Повик за работно ангажирање на 30 невработени лица за пошумување и заштита од пожари – Битола
Се повикуваат сите невработени лица евидентирани во АВРМ кои се заинтересирани да се вклучат во мерката 6.2 – Јавни работи за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување), заради зголемување на вработливоста преку работно ангажирање на невработените лица за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување), да се пријават во Агенција за вработување на РСМ- Центар за вработување Битола.
Работното ангажирање на невработените лица ќе биде реализирано за период до најмногу 5 (пет) месеци. За кандидатите кои ќе бидат избрани и работно ангажирани се предвидува да им биде исплатен износ од 24.000 денари месечно со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход. (средства обезбедени од Буџет на АВРСМ – Потсметка активни програми и мерки)- стои во соопштението од општина Битола
Заинтересираните лица, повеќе информации може да добијат на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/prevencija-od-pozari/



