|

Играорците од Могила на Фестивал на фолклор во Измит, Коџаели – Турција

Со македонски ора и македонската најбогата носија, играорната група од општина Могила ја имаше честа, како најдобра, да го затвори фестивалот.

На фестивалот за Фолклор во Измит, Коџаели – Турција, кој се одржуваше од 3ти до 7ми јули, играорната група од општина Могила, која работи во рамките на Центарот за едукација и негување на традицијата и фолклорот ЕТНО ИЛИНДЕН – Битола, беше една од 3те фолклорни групи од Македонија. Покрај нашите претставници имаше фолклорни групи од Србија, Босна и Херцеговина, Турција, Молдавија, Унгарија и Азербејџан.

Играорната група од општина Могила ја имаше честа, како најдобра, да го затвори фестивалот.

На пеколни горештини од 40 степени, нашите играорки, ја издражаа тешката македонска носија, која беше најбогата и најубава на фестивалот и достојно ја претставија Општина Могила и Република Македонија пред публиката од повеќе држави.

Слични Објави