Витаминка прва во Македонија се дигитализира со Microsoft – Dynamics 365 Finance and Operation
Витаминка е првата компанија во Македонија која во сите процеси, производство, набавка, магацини, продажба и финансии, го имплементира ЕРП решението од Microsoft – Dynamics 365 Finance and Operation. Со ова Витаминка е на пат кон целосна дигитализација на работата, од влез на суровина до излез на готов производ и нивно складирање.
Инвестицијата во најновите технологии е значаен чекор напред и придонесува за подобрување на оперативната ефикасност, модернизација на операциите, унапредување на производниот процес, подобро корисничко искуство и можности за раст и следење на иновативните светски трендови.
„Витаминка е компанија каде што воведувањето на иновативни решенија и примената на нови технологии отсекогаш се гледале како инвестиција во раст и развој. На овој начин, со модернизација и следење на новите технолошки решенија, ги имплементираме најдобрите практики и ја унапредуваме работата во еден синхронизиран и ефикасен систем, докажан и користен од големи интернационални компании во светот. Отвораме можности за компанијата но и за пазарот и индустријата, затоа што дигитализација во оваа индустрија е неопходна, обезбедува сигурност и гаранција на она што излегува како готов производ“, истакна Сашо Наумоски, генерален извршен директор на Витаминка.
Дигитализацијата на оперативното работење е жив процес кој постојано се унапредува и менува, а ова решение е платформа на која може да се работи и да се биде во постојан тек со овие промени.
„Комплексноста на нашата компанија е тоа што истата располага со 9 производствени погони, 18 производни линии лоцирани на 3 физички одделени локации низ земјата, а тоа бараше сеопфатно софтверско решение што ќе доведе до унифицирање на процесите и обезбедување на податоци и анализа на истите, кои се неопходни за понатамошни одлуки и правци во работењето на компанијата. Овој систем е рамка во која компаниите формираат стандарди и прилагодување на работата и процесите, што го прави идеален избор за бизниси кои постојано растат и инвестираат во иновации. Перспективата од овој систем е веќе видлива и отвора големо поле за работа и иновација на компаниските процеси“, вели Васко Наумоски, ИТ менаџер во Витаминка и одговорен за имплементација на Dynamics 365 системот.
Имплементацијата на овој ЕРП систем Витаминка ја спроведе со партнер компанијата на Microsoft, Axapta Masters, лидер во областа на Microsoft D365 решенија во Македонија.
„Оваа значителна трансформација на компанијата ќе ѝ обезбеди не само економска предност и финансиска стабилност на долгорочен план, туку ќе овозможи и понатамошна платформа за развој во процесот на автоматизација и следење на иновативните светски решенија во нашата област. Со Axapta Masters, Витаминка го отвори патот кон нови успеси и висини во својата успешна македонска бизнис приказна“, истакна директорот на Axapta Masters – Игор Трпковски.
На линкот е достапно видео за примената на ЕРП решението од Microsoft – Dynamics 365 Finance and Operation од Витаминка.