ПРЕЛИМИНАРНА ЛИСТА НА РЕЗУЛТАТИ ОД ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА НАДОМЕСТУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ТРОШОЦИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНАТА ЗА КУПУВАЊЕ НА ВЕЛОСИПЕД ЗА 2024 ГОДИНА
Комисијата за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на општината за купување на велосипед за 2024 година, формирана со Решение од Градоначалник, состави прелиминарна листа на добитници на надоместокот на апликанти кои ги исполнуваат условите до исцрпување на износот наведен во точка 3.1 Јавниот повик.
На јавниот повик, беа поднесени вкупно 119 апликации, од кои на прелиминарната листа на добитници се 114 апликанти, а одбиени се 5 апликанти.
Прелиминарните листи од јавниот повик, достапни се на следниот линк :
https://www.bitola.gov.mk/povik-velosipedi-2024/
Незадоволните апликанти имаат право да поднесат приговор во рок од 3 дена по објавувањето на прелиминарната листа до Комисија за разгледување на приговори формирана од Градоначалникот составена од членови кои претходно не учествувале во резгледувањето на документацијата по наведениот јавен повик.
Пристигнатите приговори се разгледуваат во рок од 3 дена по завршување на рокот за поднесување на приговори.