(видео) Зокумци ги наградија најдобрите поети – ученици
Здружението за образование, култура и уметност ЗОКУМ – Прилеп денеска во градската библиотека „Борка Талески“ ги прогласи најдобрите детски авторски творби од конкурсот „Кој не сака пролет?“, распишан по повод 110 години од раѓањето на поетот Волче Наумчески.
Инспирирани од пролетта, традицијата и патриотските чувства, младите автори ги претставија своите творби, а дел од нив ги демонстрираа и своите рецитаторски способности пред публиката.
Селекцијата на најдобрите ја изврши комисија предводена од поетесата Вера Андонов, во рамки на литературна средба со учениците, по што беа соопштени и наградените.
Во категоријата од 6 до 9 одделение:
- Прва награда освои Александар Трајкоски (6-б одд., ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп) за творбата „Пролет“, под менторство на Габриела Стојаноска-Станоеска.
- Втора награда ѝ припадна на Марија Богојоска (9 одд., ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – с. Бучин, Крушево) за „Девојката што разговараше со времето“, под менторство на Невена Ристеска.
- Трета награда ја доби Нурај Синаноска (7 одд., ООУ „Ѓорче Петров“ – с. Ропотово) за творбата „Ние постоиме“, под менторство на Стефани Видеска.
Во категоријата од 3 до 6 одделение:
- Прва награда освои Галена Митреска (5-г одд., ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп) за творбата „Кој не сака пролет?“, под менторство на Даниела Наумоска.
- Втора награда ја доби Марија Мешеска (5-г одд., ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп) за „Будење на тишината“, исто така под менторство на Даниела Наумоска.
- Трета награда ѝ припадна на Јана Маркоски (4-а одд., ООУ „Никола Карев“ – Крушево) за творбата „Кој не сака пролет?“, под менторство на Надица Нане.
Од здружението ЗОКУМ истакнуваат дека целта на конкурсот е да се поттикне креативноста кај младите и да се охрабрат учениците од Прилеп, Крушево, Кривогаштани и Долнени, со поддршка од своите ментори, да продолжат да творат.



