|

10 000 ДЕНАРИ ЗА СЕКОЕ ПРВАЧЕ И ОБРОК ЗА СЕКОЈ УЧЕНИК ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО ОПШТИНА НОВАЦИ

Ова година Општина Новаци обезбеди 10 000 денари за секое прваче и оброк за сите ученици во основно образование во Општина Новаци.

Исто така и оваа година како и изминатите три ќе бидат набавено таблети за четвртоодделенците со цел квалитетно следење на наставната програма и содржини.

Направени се нови санитарни јазли и реновирани се училниците и ходниците во централното училиште, набавени се електронско – технички помагала, смарт табли, телевизори и нагледни средства, Општина Новаци постојано вложува во образованието на децата и во подобрување на условите во училиштата. Соопштуваат од општината

Слични Објави