Македонија го празнува св. Климент Охридски

Македонија го празнува св. Климент Охридски

Македонија денес го чествува св. Климент Охридски, најистакнатиот ученик на солунските браќа св. Кирил и Методиј и учесник во извршувањето на познатата Моравска мисија. Свети Климент  е основач на познатата Охридска книжевна школа која е наречена уште и прв словенски универзитет, каде што се образувале над 3 500 ученици. Паралелно со црковната и со педагошката дејност се занимавал и со книжевна и преведувачка дејност. Нему му се припишува авторството на опширните житија на св. Кирил и Методиј познати како Панонски легенди, најзначајниот извор за проучувањето на животот и делото на солунските браќа.

Македонија денес го празнува „Свети Климент Охридски“ во чест на основачот на Охридската архиепископија, основоположникот на охридската книжевна школа и творецот на кириличното писмо, свети Климент.

Во чест на св. Климент Охридски, секоја година во Собранието на РМ се доделува  државната награда „Св. Климент Охридски“ за особени остварувања во воспитанието, образованието, културата, науката и здравството. Денес многу институции, училишта и здруженија го носат името на св. Климент.

Свесни за богатото историско минато, велат од  Универзитетот „Св. Климент  Охридски“, во кое е вткаено  и универзалното значење на св. Климент и  неговата просветителска мисија која ги надмина нашиве простори, се покрена иницијатива вториот македонски универзитет да го добие неговото име.

Свети Климент починал во Охрид, во 916 година.

Слични Објави