|

(видео) Во чест на руралната жена – Саем на земјоделски производи

Денес кај градскиот саат, се одржа Саем на земјоделски производи, во чест на „15 Октомври – Светски ден на руралната жена“. Настанот е пред се поддршка за руралните жени, затоа што тие се чувари на нашата колективна иднина. Како во светот така и кај нас предизвиците се големи, но со добри политики, тие можат да ја добијат поддршката која им е вистински потребна.



На саемот имаше разни земјоделски производи, традиционални деликатеси, мед и медни производи, природни сокови, козметика и рачни изработки, од цела Македонија.

Едукативно катче за најмладите, Настанот беше збогатен со театарски перформанс „Живот на село“ кој на сцената ја пренесе секојдневната сила, труд и љубов на жената од село.

Саем на земјоделски производи беше организиран од ЛАГ Агро Лидер.

Слични Објави