|

Во Прилеп се одржува традиционалниот „Фестивал на медот 2025“

Во центарот на Прилеп од 09 до 11 октомври се одржува Фестивалот на мед 2025, и ќе им понуди на посетителите вкусно и природно „здравје во тегла“.



Во центарот на Прилеп викендов се одржува традиционалниот „Фестивал на медот 2025“, кој и оваа година го организира Пчеларското здружение „Братство“. Настанот, кој веќе стана препознатлив дел од прилепската есенска програма, има за цел да ја промовира пчеларската дејност, природниот мед и пчелните производи како здрави и квалитетни домашни производи.

Посетителите имаат можност да дегустираат и купат различни видови мед, прополис, полен, матичен млеч и други производи, како и да се информираат за процесот на производство и значењето на пчелите за екосистемот.

„Фестивал на медот 2025“ во Прилеп претставува средба на пчелари од целата држава и место за размена на искуства, промоција на локалното производство и подигање на свеста за важноста на домашниот мед и зачувувањето на пчеларството.

Слични Објави