Граѓанска пасивност
Проблемите во општината, не се решаваат со чаршиски муабети, а општината не може секогаш да ги согледа сите проблеми на граѓаните.
Затоа, општините имаат отворени денови и денови за средба со градоначалникот. Секој граѓанин има право и може да се сретне со градоначалникот и да ги сподели проблемите кои ги воочува, а секако и да предложи решение.
Ако замислиме дека градот е фирма, тогаш градоначалникот е директорот, а советот е администрацијата. Сепак, граѓаните се сопственици или акционери на таа фирма. Затоа, секој граѓанин има право на увид во отворените податоци на општината, да постави прашања, да воочи проблеми и да предложи решенија.