Бронза за Марко Димитријоски на Балканското првенство во џудо

Голем успех за македонското џудо! Младиот репрезентативец Марко Димитријоски освои бронзен медал во категоријата до -46 килограми на Балканското првенство за пионери, што се одржа во Будва, Црна Гора.



Во конкуренција на најдобрите млади борци од регионот, Димитријоски прикажа одлична форма и извонреден борбен дух, забележувајќи пет победи од вкупно шест борби.

Овој успех претставува уште едно големо признание за македонското џудо и потврда дека младите таленти успешно чекорат по патот на меѓународните успеси.

Слични Објави