Велосипедската тура Timeless Trail Tour – Новаци
Општина Новаци, втора година по ред, ја организира велосипедската тура Timeless Trail Tour. Велосипедската тура започнува од пред зградата на Општина Новаци, се оди до Рекреативниот парк Коњарка каде се прави одмор, мала дружба и повторно се враќа пред зградата на Општина Новаци. Велосипедската тура е со средна тежина, има многу мала елевација, и речиси целиот пат е асфалтиран (има делови каде што нема асфалт, заради што не е препорачливо да се вози со Road Bike). За сите учесници ќе биде обезбедена храна, освежителен пијалок и маици со лого на турата.

Детали за турата: Должина: 53 км — Тежина: Средна — Пријавувањето за турата на следниот линк: https://docs.google.com/…/1FAIpQLSe24S1uMmP…/viewform…
Важно: Велосипедската тура е од рекреативен карактер, секој учесник се пријавува и учествува на сопствена одговорност. Секој учесник пополнува изјава за учество. Се замолуваат сите учесници да бидат пред зградата на Општина Новаци до 08:30 часот, со оглед на тоа што треба да потпишат изјава. Превозот за учесниците од и до Новаци НЕ Е ОБЕЗБЕДЕН. Учеството на настанот е БЕЗ КОТИЗАЦИЈА.


