|

ВАНДАЛИЗАМ НА НОВИТЕ СПОРТСКИ ТЕРЕНИ

Пред неполн месец беа пуштени новите спортски терени кај ООУ ,,Елпида Караманди“, кои се реконструираа со цел создавање на подобри услови за спортување и физичка активност на младите, но и на сите граѓани на Oпштина Битола. Но за жал во последниве деновиве е забележано несовесно користење на спортските терени.

Од страна на вработените во училиштето, кои се грижат за одржување и заштита на истите, во неколку наврати беше констатирана направена штета на поставеното сандаче за струја, кое содржи модул преку кој се вклучуваат и исклучуваат рефлекторите. Истите се соодветно подесени со цел да бидат во функција во предвиденото време за користење на терените.

Овие оштетувања се потенцијална опасност по децата и граѓаните кои го користат игралиштето.

„Општина Битола изразува голема загриженост за направените обиди да се оштети штотуку реконструираното спортско игралиште наменето за младите и за предметните дејствија доставена е соодветна пријава до СВР -Битола.

АПЕЛИРА до сите граѓани, спортските терени да се користат соодветно на намената, да се почитуваат поставени знаци за начинот на користење на спортските игралишта, како и да се внимава на хигиената.

Се надеваме дека ваквите вандалски чекори во иднина нема да бидат повторени“. Стои во објавата од Општина Битола.

Слични Објави