| |

Оди барај игла во пласт буџет

Во последниот Службен весник на општината, покрај решенијата за верификација на мандати и избор на Претседател на Совет, беше објавен  и ребаланс на буџетот за 2024 година.

Советите ги изменуваат и дополнуваат своите веќе усвоени буџети, популарно наречени „ребаланси“, тие се (редовно) повисоки, неизоставно водат до повисоки дефицити (мањак пари, или повеќе трошиш, отколку што ќе заработиш) и најнормално, ем се неразбирливи, ем се (ненамерно, по инерција) скриени во целокупниот буџет, ем промените имаат чудни имиња, од кои ништо не можеш да сфатиш, како „други помошни активности во образованието“. Човек да се запраша, зар мора да биде толку сувопарно и неразбирливо, или да се чуди зошто не излезе некој стручњак и човечки да објасни заради што е ребалансот, што се менува, заради што и каде ги нашле парите за да зголемуваат.

Инаку, се е отчетно и транспарентно. Одлуки донесени во Советот, јавноста може да учествува во работата на Советот, новинарите можат да прашаат, сето е објавено во службен весник, ама ниту еден не може да рече, „ете, јас сфатив“. Стара приказна, нели?

Така, со најновиот ребаланс, дефицитот на буџетот (мањакот) на Општина Прилеп е предвидено да се зголеми за 626.600 Евра, а приходите на општината да се зголемат за 574.113 Евра, што дава разлика (долг, кој не е планирано како да се покрие) од само 52.487 Евра. За исто време, вкупните расходи на буџетот на општина Прилеп (расходи со утврдена намена) се зголемени за 1.173.756 Евра, во однос на „оригиналниот“ буџет.

Затоа, општината би требало барем да се потруди да ги објасни промените на својата веб страница, а не само да дава сувопарни и „обландирани“ информации, претставени во неразбирливи ставки (иско законот така бара), кои на обичниот граѓанин ништо не му значат. Тоа е важно, затоа што јавноста во носењето одлуки е нешто без што општините веќе „не можат да поминат“, а сите знаеме дека општинските сали се празни.

Ајде малку повеќе интерес да ги информираме граѓаните за буџетот, затоа што начини за тоа има многу и ништо не е баук, ако се сака.

Еве преглед на главните буџетски ставки и измените, па толкувјте сами.

На следниот линк e службениот гласник 8 на Општина Прилеп, за 2024 година https://www.prilep.gov.mk/sluzhben-glasnik-br-8-od-2024/

Слични Објави