Битолските компании Vemilk и Food Republic со зелени инвестиции кон одржлив раст
Битола станува пример за успешна имплементација на зелените инвестиции во бизнис секторот. Компаниите Vemilk и Food Republic се меѓу бизнисите што ја искористија поддршката од мерката „Поддршка за создавање нови работни места преку зелени инвестиции“, инвестирајќи во одржливи решенија и проширување на нивните капацитети.
Во рамки на денешната посетата на повеќе успешни бизниси во Битола, Anna Chernyshova заменик постојан претставник на УНДП во Македонија, заедно со Марјан Ристески заменик министер за економија и труд, се запознаа со позитивните резултати од оваа мерка.
Компанијата Млекара Велковски – Vemilk важи за регионален пионер во производството на млечни производи. Благодарение на средствата од зелената мерка во 2023 година, компанијата инвестираше во набавка и инсталирање на соларни панели како дел од системот за топла вода, со што значително ја намали потрошувачката на енергија. Дополнително, Vemilk со оваа инвестиција отвори и нови работни места, што придонесува за локалната економија.
Компанијата Food Republic се истакнува како промотор на локалната храна и пијалаци, нудејќи уникатно продажно место кое привлекува и туристи и локални потрошувачи. Како корисници на мерката уште од 2023 година, тие добија грант за инвестиција во кујнска опрема, со што ја подобрија услугата и ги проширија своите капацитети.
„Министерството за економија и труд најавува дека во рамки на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување во 2025 година ќе бидат обезбедени значителни средства за самовработување и поддршка за отворање нови компании. Ова претставува дополнителен поттик за претприемачите кои сакаат да инвестираат во одржливи решенија и да создадат нови работни места.“ изјави Ристески