Контроли во училишта, градинки – Трагедијата во Кочани ги разбуди и општинските инспектори

По несреќата во Кочани, која го потресе целиот регион, во Македонија се започна со координирани вонредни контроли на сите објекти кои можат да претставуваат ризик за безбедноста на граѓаните, особено на децата и младите.

Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓевски, најави дека ќе се реализираат инспекции на голем број јавни и приватни објекти, како што се градинки, училишта, спортски и културни објекти, угостителски објекти, како и станбени згради, со фокус на постарите згради кои можат да бидат најпогодени од проблеми со хидрантските системи. Утре на состанок општинските власти ќе прават проценка кому му фалат инспектори за на терен, за да бидат презмени од друга општина која веќе завршила со контролите.

Контролите ќе вклучуваат проверки на исправноста на противпожарната опрема, електричните инсталации, безбедносните системи, како и на документацијата која ја имаат управувачите на овие објекти. За неправилности, ќе се преземат строги мерки, а оние објекти кои не ги исполнуваат безбедносните стандарди ќе бидат задолжени да ги отстранат недостатоците или, доколку тоа не е возможно веднаш, ќе бидат привремено затворени.

Овие контроли ќе продолжат во целата земја, а целта е да се осигура безбедноста на сите граѓани, особено на децата, со што ќе се спречи повторување на трагични настани.

Според најавите, инспекциите ќе вклучуваат проверка на градинки, училишта, спортски и културни објекти, угостителски објекти, но и станбени згради, со посебен акцент на постарите згради каде што често се запоставуваат хидрантските системи.

„Се ќе се контролира – од исправноста на противпожарната опрема, хидрантите и електричните инсталации, до документацијата и безбедносните елаборати на овие објекти“, изјави Ѓорѓевски на прес-конференција. Тој додаде дека општините веќе почнале со мобилизирање на инспекциските служби, а за сите откриени неправилности ќе има нулта толерација.

Објектите кои не ги исполнуваат безбедносните стандарди ќе бидат задолжени да ги исправат недостатоците или ќе бидат привремено затворени доколку тоа не е можно веднаш. Претседателот на ЗЕЛС апелираше и до граѓаните да пријавуваат неправилности, со што ќе се овозможи брза реакција и подобра контрола.

Слични Објави