По 57 години спуштена рампа – Започна реконструкцијата на граничниот премин „Маркова Нога“ во Преспа
Започна реконструкцијата на граничниот премин „Маркова Нога“ во Преспа

Со поставување на камен-темелник, денес официјално започнаа градежните активности за повторно функционирање на граничниот премин „Маркова Нога“ во Долно Дупени. Овој проект е дел од европската иницијатива за подобрување на инфраструктурата во областа Преспа.
Проектот опфаќа изградба на административна зграда на Царинската управа со површина од околу 360 метри квадратни, како и изградба на канцеларија за осигурителна компанија, резервоар за вода, армирано-бетонски пропусти, водоснабдување и канализација, потпорни ѕидови, три новопланирани улични делници и јавни тоалети.
Финансиран од Европската Унија и спроведен во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), проектот се реализира во рамките на програмата EU4Prespa.
На церемонијата присуствуваа високи владини претставници, меѓу кои премиерот на Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски, амбасадорот на ЕУ во Македонија, Михалис Рокас, и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан.
Настанот беше одбележан со симболично засадување на автохтони видови дрвја – чин што симболизира прекугранично единство, зачувување на биолошката разновидност и заложба за климатска отпорност. Овој проект има за цел да овозможи одржлива иднина за уникатниот пејсаж на Преспа и да ја зајакне соработката меѓу заедниците од двете страни на границата.