|

Прилепчани собираа средства за лекување на Виктор – 150 возила за поддршка на Виктор

На 2 февруари 2025 година, во катната гаража кај старата автобуска станица во Прилеп, се одржа хуманитарен собир со возила во организација на клубовите Wanted Club Prilep и BrotherHood Club Prilep. Настанот беше организиран со цел да се соберат средства за лекување на 26-годишниот прилепчанец Виктор Николоски.

На собирот присуствуваа околу 150 возила од цела Македонија, а средствата беа обезбедени преку влезниците и кутијата за донации. Организаторите изразија огромна благодарност до сите што дадоа поддршка.

— Им благодариме на сите спонзори и присутни на овој хуманитарен настан. Во иднина Wanted Club и BrotherHood Club ќе продолжат со организирање на вакви собири. Собраните средства ќе бидат уплатени на сметката на Виктор – порачаа организаторите.

Настанот уште еднаш ја покажа хуманоста на граѓаните, кои со заеднички сили се обединија за да помогнат на својот сограѓанин.

Слични Објави