| |

ПОВИК ЗА ЧЛЕНОВИ НА ЛОКАЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА ОПШТИНА БИТОЛА

Општина Битола објави јавен повик за пријавување на членови на Локалниот младински совет на Општина Битола

Локалниот младински совет на Општина Битола е советодавно тело на Советот на Општина Битола, основано заради подобрување на положбата и решавање на проблемите на младите во Општина Битола.

Во Локалниот младински совет на Општина Битола можат да бидат избрани млади со постојано место на живеење на територијата на Општина Битола со старосна граница од 15 до 29 години.

Верификационата комисија на Локалното собрание на млади чија задача е избор на членови на Локалниот младински совет, ја разгледува целосната документација, го следи презентирањето на програмите на кандидатите и ги спроведува изборите во кои сите делегати на Локалното собрание на млади имаат право на глас.

Локалниот младински совет на Општина Битола брои 9 членови.

Локалниот младински совет од своите редови избира претседател. Избраниот претседател од членовите на Локалниот младински совет избира заменик претседател.

Членовите на Локалниот младински совет на Општина Битола се бираат со мандат од две години со право на уште еден избор.

Право на предлагање на кандидати за членови во Локалниот младински совет имаат: младински организации, организации за млади, подмладоци на политички партии, ученички и студентски организации и други регистрирани облици на организирање на младите.

Повеќе информации за начинот на аплицирање достапни се на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/јавен-повик-за-предлагање-на-кандидат-2/

Слични Објави