| |

УКЛО: Интервенција во криза во услови на колективна траума

На 21 март 2025 г. во  11 часот, во Co-Space простории во Студентскиот информативен центар на УКЛО, Психолошкото советувалиште организира специјализирана обука за интервенција во криза, со акцент на работа во услови на колективна траума. 

Обуката е наменета за сите професионалци кои работат во поддршка на луѓето во кризни ситуации.

Обуката ќе ја водат професорките од Психолошкото советувалиште на УКЛО, експертите: д-р Драгана Батиќ и д-р Гордана Ристевска Димитровска.
Работилницата е насочена кон психолози, педагози, социјални работници, како и сите членови на стручните тимови во училиштата и центрите за социјална работа. Присутните ќе се запознаат со теоретските и практичните аспекти на интервенцијата во криза, а исто така ќе добијат алатки и методи за справување со последиците од колективните трауми.
Присуството на обуката е бесплатно.

Проблемската обука се организира како  пример за микроквалификации поврзани со кризна интервенција и менаџмент, својствена на концептот на Европската универзитетска алијанса КОЛОРС. 

Слични Објави