Интерјву со Тони Коњановски градоначалник на општина Битола
Најголемиот град во Пелагонија „не е од вчера“, но истото важи и за неговите напластени проблеми. Прашањето е кој и како нив ќе ги решава и ублажува, без да се прашува кој е – за што одговорен и кој и за што треба да го обвиниме.
На тој пат на стратешки избор како да се постапува со малкуте пари и многуте проблеми, каде евидентно фали доследна грижа на централните власти, потребна е визија и чувство за реалност, но и храбри потези на актуелното раководство на Битола, кое не треба да се грижи само за следните избори, туку и да превземе непопуларни, но суштински корисни стратешки мерки, за граѓаните да го понесат тој терет на развојот и подоброто живеење.
ОТВ токму тој аспект го стави во прв план во интерјуто со градоначалникот Тони Коњановски, па сакаме со нашите гледачи да го споделиме нашето задоволство од одговорите на овие суштински прашања, кои ниту еден момент не заличија на партиски памфлет, туку на зрел и одговорен пристап, кој мотивира и дава впечаток на реална грижа и приоритетност на постапките и планирањето.