The Hounds – 17 години музика и љубов: СВИРАТ САМО ЗА НАС!
На 13 август, во 21:00 часот, пред клубот Калинка во старата Прилепска чаршија ќе се одржи големиот роденденски концерт на феноменалните The Hounds.
17 години во ИСТ состав – Златко (фронтмен и бас гитара), Јане (гитара), Крсте (гитара) и Илија (тапани). Период исполнет со безброј настапи, публика што пее во еден глас и скока во ритамот на бендот. Симболично, 2025 е годината во која зачекоруваат кон своето бендовско „полнолетство“, а забавата како прв чекор без сомнение ќе биде мноооогу јака (така велат, а ние им веруваме).
Настанот ќе ги обедини пријателите на бендот, музичари од различни жанрови, претворајќи ја старата чаршија во една голема сцена под отворено небо. Роденденскиот концерт веќе одамна е традиционално летно собирање кое привлекува посетители не само од Прилеп, туку и од цела Македонија.
The Hounds почнаа да ги откриваат гостите што ќе настапат заедно со нив, а списокот ветува вечер исполнета со енергија, љубов и многу добра музика.


