(видео) Верниците во Прилеп торжествено го прославија свети Климент Охридски и светиот великомаченик Пантелејмон
Денес, во храмот „Св. Св. Кирил и Методиј“ – Параклис во Прилеп, се одржа торжествена Света Божествена Литургија по повод празникот на светиот Климент Охридски – патрон и заштитник на Македонија и македонскиот народ, и светиот великомаченик Пантелејмон.
Благочестивите христијани се поклонија и се помолија пред моштите на светителите, кои беа изложени за поклонение преку целиот ден. Со богобојазливост и благодарност, присутните измолија мир, здравје и благосостојба за своите семејства и за градот Прилеп.



