„Ноќта кога ја убив месечината“ на Големо Езеро на Пелистер
НОЌТА КОГА ЈА УБИВ МЕСЕЧИНАТА” – својата 26-та изведба ја доживеа синоќа на 09.08.2025год на полна месечина на Големо Езеро(2218мнв), Пелистер.
Совршениот спој на вечноста отсликана низ отсјајот на полната месечина на површината на езерото и моќната енергија на актерите инспирирани од мирот и спокојот на природната сцена, надополнети со желбата на публиката да се доживее едно ново патување низ реалноста на секојдневието, ја направија оваа изведба многу повеќе од обична театарска уметност. Убавините на природната сцена на моменти делуваа и помалку нереално, а присутните ја проследија театарската претстава во неверување дека и тие се дел од еден магичен миг на вечноста.
Настанот беше организиран во соработка со НУ народен Театар Битола и Битолски камерен оркестар со поддршка на Општина Битола – официјална страница. Голема благодарност до ТППЕ Битола и до сите кои помогнаа овој настан успешно да се реализира.
Организаторите, Национален парк Пелистер изразија голема благодарност до ТППЕ Битола, како и до сите поединци и институции што помогнаа овој уникатен културен настан да се реализира успешно и безбедно.



