ДРАМА НА ЛЕТОТ НА РАЈАНЕР ОД аеродромот „Македонија“ ЗА МИНХЕН

Вистинска драма се одвивала во воздухот за време на летот на „Рајанер“ од Солун кон германскиот Меминген, откако авионот морал итно да се врати на аеродромот „Македонија“ во Солун по сериозен дефект. Според медиумските извештаи, 61-годишен патник од Србија бил повреден откако дел од оштетениот авионски дел го скршил прозорецот покрај неговото седиште.

Инцидентот се случил на летот FR1879, со авион „Боинг 737-800“, кој летал кон Меминген. Екипажот забележал проблем и донел одлука авионот да се врати назад кон Солун. Според првичните информации, дел од оштетувањето предизвикало кршење на прозорец во патничката кабина, по што дошло до опасна ситуација за патниците.

Очевидци изјавиле дека патникот кој седел покрај прозорецот бил повлечен кон отворот, а останатите патници веднаш реагирале и му помогнале да се задржи во авионот. Според некои извештаи, неговата сопруга и други патници го држеле додека авионот се враќал на аеродромот.

По активирањето на процедурите за итни случаи, на пистата во Солун чекале пожарникари, полиција и медицински екипи. Авионот безбедно слетал, а повредениот патник бил пренесен на лекарски преглед.

Надлежните започнаа истрага за причините за дефектот, а авиокомпанијата допрва треба да ги утврди сите детали за инцидентот.

Фото: Принтскрин –

Breaking Aviation News

Слични Објави