| |

Покрај меѓународни стрип цртачи и Мила од Прилеп

Oд 21 до 25.08.2024 во Европска куќа Велес, се одржуваат два значајни настани од областа на стрипот во Македонија – 21-виот Меѓународен стрип салон и 6 Стрип колонија, во организација на Стрип центар на Македонија-Велес.

Во текот на настанот, посетителите ќе имаат можност да уживаат во разновидната изложба на стрипови која ќе опфати дела од македонски, српски и грчки уметници. Покрај познатите стрип уметници, на фестивалот со свои дела се претстави и младата дванаесетгодишна Мила Забрчанец Спиркоска од Прилеп.

На ова издание на Фестивалот, организирано со поддршка од Министерството за култура и туризам на Македонија и Општина Велес, на отворањето беа наградени најдобрите дела пријавени на Меѓународниот стрип конкурс, а се доделија и специјални награди, што дополнително го зголемува значењето на овој настан.


Слични Објави