„ЉУБОВНИКОТ“ СПОРЕД ПИНТЕР ВО ПРИЛЕП

Четврток 31. Октомври во Клуб Калинка – Прилеп, 21 часот, ќе се одржи проекција на филмот „Љубовникот“ кој е работен според драмскиот текст на Харолд Пинтер

Сценариото за филмот е на Аница Бебиќ и Филип Трајаноски кои ги играат и главните улоги, а исто така ја потпишуваат и режијата.

Инспирирани од два љубовни огласи, еден маж и една жена успешно ја враќаат изгубената страст во нивниот брак преку вонбрачна афера. Но кога летото повеќе ја разгорува љубомората место страста, а фантазијата и реалноста сѐ повеќе се испреплетуваат, бавната интернет конекција, нестабилната камера и неквалитетните телефонски микрофони само ги прекриваат вистинските проблеми во нивната комуникација. Она што е премолчено и двосмисленоста на она што е речено ги разделува повеќе од стотиците километри меѓу нив, и двајцата се растргнати меѓу желбата да го спасат својот брак и различните ставови во однос на вонбрачната афера.

Филмот “Љубовникот” ја пренесува приказната на врвниот драматург Пинтер во денешното општество, во животите на двајцата протагонисти, обични луѓе со малку чудни сексуални фантазии и несомнена меѓусебна поврзаност, чија приказна ни го поставува вечното тривијално прашање – дали љубовта може да победи, и често заборавеното прашање – дали некогаш е доволно истата само да ја помешаме со повеќе чаши пина колада. Филмот е целосно снимен преку социјалните мрежи и камери од лаптоп и мобилен телефон.

Слични Објави