| |

Бисерите на Мал Битолски Монмартр“ во Прилеп

Денеска, 26 декември, во 12:30 часот, во Ликовниот салон при Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена 11-тата изложба „Бисерите на Мал Битолски Монмартр“.

На изложбата ќе бидат претставени дела од светската детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр“, организирана во соработка со Центарот за култура „Марко Цепенков“.

Оваа изложба е последен настан од програмата за ликовна дејност и визуелни уметности на Центарот за 2024 година, со поддршка од Министерството за култура и туризам.

Настанот претставува уникатна можност за љубителите на уметноста да уживаат во креативноста и талентот на младите уметници од целиот свет.

  • 11та по ред изложба на дела од светската детска ликовна колонија “Мал Битолски Монмартр” во Прилеп во соработка со НУ “Марко Цепенков”. Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола кое работи 57 години низ последните 44 без прекин ја реализира најстарата и најголема светска детска ликовна колонија “Мал Битолски Монмартр” на која само на конкурсот “Битола” за 2О24 година пристигнаа над 8ОО пратки од исто толку државни и приватни школи од над 85 држави кои генерираат фонд од над 6О.ООО детски ликовни цртежи. Тоа беше и основ во периодот од 23 – 31 мај во Битола да бидат поканети 25 делегации од 22 држави кои учествуваат со над 18О учесници на 43то издание на “Мал Битолски Монмартр” на кој традиционално 7 дена се твореше на темата староградска битолска архитектурата а беа реализирани и еднодневни работни посети на Охрид и 1.ООО годишниот манастир Свети Јован Битолски. Колонијата генерираше над 6ОО дела со што збирот на цртежи од колонијата и конкурсот ја надмина цифрата од 1.5ОО.ООО цртежи за 44 години. Во Прилеп под насловот “Бисерите на Мал Битолски Монмартр” Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола со НУ „Марко Цепенков“ веќе 11 години без прекин ја реализираат изложбата на сегмент од овие дела со надеж дека учесниците наскоро ќе можат еден работен колониски ден да поминат и во Прилеп.

Слични Објави