|

Тактилни спомени за Тоше во Крушево

Во Спомен куќата на Тоше Проески, годинава беа изложени 10 „тактилни претстави“ (специјално обработени слики, кои можат да се „читаат“ со допир), со опис со Брајово писмо, како дел од музејските поставки.

Тие настанале како резултат на на проект – поддржан од Министерство за култура, што на Крушево му дава посебна предност, заради обидите да ги исполни светските стандарди во музеологијата, каде непоколебливо се бара овие поставки, предмети и нивното значење да биде достапно и за лицата со посебни и поинакви потреби.

Малку институции во светот успеале потполно да го задоволат ова хумано барање, па радува ваквиот напор на овој редок и посебен Национален музеј. Браво за посветеноста на ваквата идеја отворање на долгиот процес за поголема достапност, отпочнувајќи со категоријата посетители со оштетен вид.

Тоше имаше посебен респект и мошне хуман приод, па и донаторски активности и концерти токму, за вакви категории лица. Неговото “Ве сакам сите” не беше туку – така изјава, туку негово длабоко чувство и желба да помогне, покрај секојдневната „помош“, која ни ја даваше низ неговите песни, настапи, добрина и демонстрација на ненадмината општа хуманост кон луѓето, која ние сите ја чувствувавме како извонредна, несебична и искрена, заради што е и изграден овој прекрасен Музеј. Да беше само „пејач“, тоа немаше да се случи и по него немаше да жали цел Балкан, заедно со нас. Затоа е и напорот на вработените во Спомен куќата на Тоше Проески за секоја пофалба, со што се гледа дека тие многу добро ја научиле душата на Тоше, која сега може и да се допре.

Слични Објави