Празнична атмосфера во Прилеп – Радост и внимание за најмладите и најстарите
Денес, градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, заедно со претседателката на Советот на општина Прилеп, Ирена Стерјоска Локвенец, ја посетија градинката „Наша Иднина“ и Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“. Во празнична атмосфера, со подароци и искрени желби, тие им посакаа среќни новогодишни и божиќни празници на најмладите и најстарите членови на заедницата….


