|

„Преродба“ ја презентира вековната традиција „Амкање“ пред прилепчани

Традицијата „Амкање“ беше повторно оживеана на платото под прилепската градска саат кула, во рамки на прославата за Велики Поклади-Прочка. Овој вековен обичај привлече голем број прилепчани и посетители, кои имаа можност да учествуваат и да го следат овој настан, што претставува важен дел од културното наследство на Прилеп.

На настанот, членовите на здружението „Преродба“ демонстрираа како се практикува „амкањето“ – обичај во кој варено јајце се врзува за конец и се обидуваат да го лапнат. Според старото верување, оној кој ќе успее да го касне јајцето ќе има среќа и бериќет во текот на целата година. Обичајот е поврзан со празникот Велики Поклади, кога семејствата се собираат, се простуваат и се подготвуваат за Велигденските пости.

Сцената на која се изведуваше „амкањето“ беше исполнета со радост и позитивна енергија, а посетителите активно учествуваа во обичајот, се смееја и уживаа во заедничката атмосфера. Поголемиот дел од присутните ја истакнаа важноста на зачувувањето на оваа традиција, која се пренесува од поколение на поколение и ја сочинува културната идентитет на Прилеп.

Како дел од прославата на овој ден, традицијата вклучува и семејна вечера со сирење, мазник и јајца, бидејќи неделата е сирна. Преку амкањето, децата се радуваат, а целата семејна атмосфера е исполнета со љубов и прошка. Членовите на здружението се трудат да ја оживеат оваа традиција, која сè помалку се практикува од помладите генерации.

„Традицијата „амкање“ и во иднина ќе продолжи да биде важен дел од празничните обележја во Прилеп, а здружението „Преродба“ ќе продолжи да го негува и промовира овој уникатен обичај, кој е извор на радост и заедништво за сите генерации.“ велат од здуженијето

На Прочка обичај е, Доколку во текот на годината нешто се згрешиле , треба да се побара прошка од постарите со зборовите „Простете“, а оној кој простува вели „Простено ви е од мене и од Господ“.

Слични Објави