Лежерно интервју со Ангела Анѓелкоски (видео)
Нејзините свеќи не се само естетски прекрасни. Користејќи природни материјали како парафински медицински восок, соја восок, есенцијални масла и природни бои, Ангела Анѓелкоски ги прави своите производи еколошки пријателски и безбедни за употреба во домот. Од мирисот на лаванда кој создава смиреност, до цитрусните ноти кои го разбудуваат духот, секоја свеќа е внимателно планирана за да предизвика одредена емоција.
Независно дали се работи за индивидуална нарачка за посебна прилика или за свечен подарок, „Coco Candles“ своите производи ги нуди преку интернет платформите Facebook и Instagram. Се што прави е рачно, од избирањето на аромите, до обликувањето на свеќите и нивното пакување. За неа, изработката на свеќите е многу повеќе од бизнис – тоа е начин на живот.
