Суспендирана ИПАРД 3 програмата – стоп за сите плаќања кон земјоделците!
Европската унија ја суспендираше ИПАРД 3 програмата и сите тековни плаќања кон земјоделците во Македонија, поради корупцискиот скандал поврзан со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, Илија Стоилев.
Со оваа одлука се блокирани над 100 милиони евра европски средства, наменети за поддршка на македонското земјоделство и руралниот развој. Одлуката, според извори од Брисел, е донесена по серија контроли во кои биле утврдени сериозни неправилности и злоупотреби при спроведувањето на програмата.
Ова не е првпат Македонија да се соочи со ваков удар – во 2011 година беше суспендирана и ИПАРД 1 програмата, поради слични сомневања за нерегуларности и недоволна контрола врз трошењето на европските фондови – изјави на прес-конфереција Љупчо Николовски – СДСМ
Последната одлука сериозно ќе ги погоди домашните земјоделци, кои во наредниот период нема да можат да користат грантови за инвестиции во механизација, фарми и рурална инфраструктура.



