Граѓани блокираат со палење на отпад на патот
Регионалниот пат Битола–Охрид денеска беше привремено блокиран поради протест на група граѓани кои палеа пластика и отпад, по што сообраќајот беше во прекин.
Протестирачите извикуваа „нема правда, нема мир“ и „бараме правда“, додека густ чад се ширеше по коловозот и ја загрозуваше безбедноста во сообраќајот.
Според неофицијални информации, протестот бил поради одземањето возила на лица кои возеле без возачка дозвола, по последните измени на Законот за прекршоци. Дел од присутните тврдеа дека им биле одземени скапи автомобили, од 5.000 евра.
Присутни биле и полициски службеници кои ја следеле состојбата. Засега нема официјални информации за приведени лица или за тоа колку долго траела блокадата.
фото: Принтскрин



