Поголема плата за вработените во основното и средното образование од месец октомври за 5%

Вработените во основното и средното образование ќе добијат зголемени плати од 5% почнувајќи од октомвриската исплата. Синдикатот за образование и наука постигна договор со Владата, кој, како што истакнуваат, обезбедува стабилно зголемување на платите во оваа сфера во следните четири години.

Дополнително за наредните години, заклучно со март 2028 година, платите во овие дејности ќе се зголемат кумулативно за околу 50%, односно март 2025 дополнителни 7%, март 2026 година од 7,5% до 10%, март 2027 година од 7,5 до 10% и март 2028 година од 10% до 12,5%. Платата на наставниците конечно ќе биде над просечната плата во Македонија. Колективните договори за основно и средно образование ќе се потпишат најдоцна до 20 февруари.

Планирано зголемување на платите во образованието
Во октомври 2024 година, зголемување од 5%
Во март 2025 година, зголемување од 7%
Во март 2026 година, зголемување од 7,5-10%
Во март 2027 година, зголемување од 7,5-10%
Во март 2028 година, зголемување од 10-12,5%

Слични Објави