Шест лица, меѓу кои и странски државјани, се лишени од слобода

Шест лица се лишени од слобода поради сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“ на подрачјето на Прилеп.



Како што информира МВР, на 11 декември 2025 година околу 15:30 часот, на местото викано паркинг Штавица на патот Витолиште–Прилеп, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина извршиле контрола на патничко возило „мерцедес“ со шведски национални ознаки.

При контролата, поради сомнение за незаконит лов, од слобода биле лишени С.А. (46), Х.Ј.Ј. (48), П.Т. (46) и еден 16-годишник, сите државјани на Шведска, како и Д.М. (76) од Кавадарци и К.М. (66) од Прилеп. Возилото било управувано од С.А., а останатите лица биле сопатници.

При извршениот преглед, полициските службеници пронашле и одзеле шест ловечки пушки, како и пакување со свежо месо исечено на парчиња, за кое постои сомнение дека потекнува од незаконит лов.

Лицата се задржани во ОВР Прилеп и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по член 228 од Кривичниот законик.

Слични Објави