| |

УКРАИНСКАТА АМБАСАДОРКА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ПРИЛЕП

Денес во посета на Општина Прилеп беше Амбасадорката на Украина во Македонија Лариса Дир. При незината посета таа ја посети археолошката поставка во Завод и Музеј Прилеп и Галеријата на икони, која претставува исклучително важен дел од нашето културно и црковно наследство.

Незината екселенција исто така беше запозната од страна на домаќините со природните богатства со кои располага нашиот регион, како и туристичките и стопанските потенцијали кои нудат перспектива за идни соработки.

На средбата со градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески таа изрази подготвеност за понатамошно зајакнување на односите на двете држави преку различни проекти и иницијативи.

Искрено верувам дека воспоставувањето на дипломатски врски на ниво на Локална самоуправа, како и соработката со амбасадите во Македонија, ќе донесе позитивни промени за нашата општина и ќе придонесе кон просперитетот на Прилеп – стои на фејсбук страницата на градоначалникот.

Ова е чекор напред кон создавање нови можности и зајакнување на нашата заедница во меѓународни рамки.

Слични Објави