|

Сите очекуваме општините да се фатат за „лопата“ и да градат

Сите очекуваме општините да имаат многу сработени проекти, но знаеме ли колку е важна техничката документација за да имаме добар резултат? Пред да дојде моментот за сликање со „лопати“ и пред да се почне со градба општините треба да имаат подготвено целосна документација која треба покрај изработката од стручни лица да биде прегледана и одобрена од компетентни лица. Сета оваа постапка одзема многу време, ресурси, ангажирање на професионалци а сето тоа треба да се плати.

Дел од средставата за овие постапки општините ги обезбедуваат од свои извори но и преку разни фондови. Преку Фондот за техничка документација инструмент, кој е достапен за општините и регионите за доделување финансиска и техничка поддршка при изработка на техничка документација за инфраструктурни проекти кој постои веќе 5 години и преку него се финансирани над 100 проекти! Ова се имплементира од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во рамките на проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“ во соработка со Министерство за локална самоуправа, финансиран од Шведска Embassy of Sweden in Skopje и Бирото за регионален развој.

Погледнете повеќе во видеото од UNDP MK

Слични Објави