Прилеп до 10 август домаќин на натпреварувачи од 3 континенти
До 10 август 150 натпреварувачи од 3 континенти, ќе се натпреваруват на Светското јуниорско првенство во воздухопловно спортско моделарство.
Од денес 07 август, почнуваат натпреварувањата на терен кај селото Веселчани, каде досега се одржуваа и параглајдферските надлетувања. Денес се натпреварите во едриличарството, во четврток се натпреварите со модели на гумен мотор со елиси, а во петок се натпреварувањата со моделите на класичен мотор со внатрешно согорување, соопшти Здравко Тодороски, претседател на прилепскиот клуб „Фил феникс“ кој со македонската воздухопловна асоцијација е организатор на ова првенство.
Светско јуниорско првенство во воздухопловно спортско моделарство, се случува од 06 до 10 август во близина на населеното место Веселчани во Прилеп. Ова е петто меѓународно првенство што се организира во Прилеп.









„Ми претставува особена чест како градоначалник на општина Прилеп што во нашиот град се случува еден ваков настан Светско јуниорско првенство во воздухопловно спортско моделарство, во близина на населеното место Веселчани. Сигурен сум дека Прилеп заедно со Воздухопловниот спортски клуб Фил Феникс, помогнати од Министерството за спорт и Воздухопловната федерација на Македонија ќе се покажат како одлични организатори и домаќини“. Изјави градоначалникот Борче Јовчески на Прилеп



