| |

Градоначалникот Христоски: 0 денари за културата во Крушево

Општина Крушево годинава останува без државна финансиска поддршка за културните настани, објави градоначалникот Томе Христоски. На својот Фејсбук профил тој изрази разочарување што Министерството за култура не издвоило ниту денар за традиционалните манифестации.

„Општина Крушево за прв пат со 0 денари или без директна поддршка од страна на истото министерство за оваа тековна 2025 година, за организирање на културните и историски, традиционални настани и државни манифестации.

– 0 денари за прв пат или без воопшто финансиска поддршка за настанот When in Krusevo, организиран од млади ентузијасти преку кој настан доаѓаа во Крушево над 2500 посетители за еден Викенд!

Затоа Ве повикувам сите заедно во Крушево да застанеме гордо, особено за националниот празник ,,Илинден” 1ви август да го развиориме бајракот на слободата и непокорот, после интонирањето на државната химна, со МОЛК да го означиме државниот и национален празник ,,Илинден”, барем за толку имаме заслужено…

Замислете Ако Крушево како град на непокорот, Крушевската Република, историјата, културата, темелните вредности како уставотворна категорија на првиот и вториот Илинден, традиција НЕ добие директна поддршка од страна на министерството за култура, затворете го и не знам зошто воопшто постои такво министерство, но воедно баш ме интересира како градоначалник, а исто така нашите сограѓани каде се насочени, буџетирани и пренаменети нашите народни средства.“ напиша Христоски

Слични Објави