Шумската полиција ќе добие бенефициран стаж

Припадниците на Шумската полиција добиваат бенефициран работен стаж исто како нивните колеги од Затворската полиција кои оваа поволност ја имаат од 2018 година.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, соопшти дека Правилникот за утврдување на работните места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење е веќе објавен во Службен весник.

– „Со ова, припадниците на шумската полиција добиваат право на бенефициран стаж – право што долги години го бараа, но и покрај бројните ветувања, сè досега остануваше нереализирано. Со оваа одлука се оддава почит и признание за секојдневната работа, пожртвуваноста и ризикот што шумските полицајци го преземаат во заштитата на шумите и природните ресурси на нашата држава,“ истакна Трипуновски.

Од Независниот синдикат на Шумска полиција и администрација (НСШПА) потсетуваат дека институционалната постапка за оваа мерка започнала уште пред две години.

На својот фб профил

– „По 27 години од формирањето, Шумската полиција конечно добива бенефициран стаж,“ нагласуваат од НСШПА.

Слични Објави