Изложба на маски го најави карневалот „Прочка 2025“ во Прилеп
Во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ денеска беше отворена традиционалната изложба на маски, изработени од учениците од основните и средните училишта од Прилеп и општина Долнени. Со оваа изложба започнаа активностите поврзани со годинашниот карневал „Прочка 2025“.

Околу 300 маски, создадени со голема креативност од ученици под менторство на наставници, го разубавија изложбениот простор. Освен што претставуваат уметнички дела, многу од маските носат силни пораки за различни општествени теми. Меѓу нив се најдоа „Паметното еже“, кое предупредува за штетноста на пушењето, различни маски изработени од природни и рециклирани материјали, како и фигури што симболизираат традиција и иновативност.
За најиновативна маска беше прогласено „Паметното еже“, изработено од деветтоодделенецот Матеј Тодоров од ООУ „Блаже Конески“. Оваа маска испраќа силна еколошка и здравствена порака: „Секоја испушена цигара е боцка по вашето здравје!“
ГРАН ПРИ НАГРАДА:
Дамјан Јанкулоски- ООУ Кирил и Методиј, с. Подмол
НАГРАДА ЗА ТРАДИЦИОНАЛНА МАСКА:
Хана Ајровиќ-ООУ Пере Тошев, с. Десово
НАГРАДА ЗА ЈУНИОР МАСКА:
Градинка Наша Иднина-Бончејца
НАГРАДА ЗА НАЈИНОВАТИВНА МАСКА:
- Паметно Еже – Матеј Тодоров-ООУ Блаже Конески
- Ленка – ООУ Добре Јованоски IV 1
- Јован и Димитар Дамјановски – ООУ Кочо Рацин
НАГРАДА ЗА НАЈДОБРА МАСКА ОД 1-5 ОДДЕЛЕНИЕ:
Дама од Природата IV 3- ООУ Добре Јованоски
НАГРАДА ЗА НАЈДОБРА МАСКА ОД 6-9 ОДДЕЛЕНИЕ:
- Ивана Проданоска – ООУ Кире Гаврилоски
- Мелани Ристеска – ООУ Гоце Делчев
- Јоана Џинго – ООУКочо Рацин
НАГРАДА ЗА НАЈДОБРИ МАСКИ ВО СРЕДНИ УЧИЛИШТА:
- Андреј Бешески – СОУ Ѓорче Петров
- Тамара Блажеска- Гим. Мирче Ацев
- Маја Гулабоска- Гим. Мирче Ацев
Изложбата на маски е еден од настаните што го збогатуваат духот на карневалот „Прочка“ и поттикнуваат младите да ја искажат својата креативност и општествена свест преку уметноста.